Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристовски: Да се фокусираме на нашата игра и со офанзивна игра до победа

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација в четврток против Грузија ќе го одигра третиот натпревар во новиот циклус од Лигата на нации.

Противник ни е селекцијата на Грузија која во првите две средби имаше максимален учинок и ги освои бодовите во соочувањата со Гибралтар и Бугарија.

“Го покажавме нашиот квалитет на првите два натпревари. Сметам дека можеме многу повеќе и тоа ќе го покажаме на следниот меч против Грузија. Двете победи се од големо значење за самодовербата на Грузија. Очекувам тежок натпревар бидејќи тие ќе дојдат мотивирани да се борат против нас. Меѓутоа ние веруваме во нас и во замислата на селекторот. Ќе покажеме желба и борба. Ние гледаме напред од меч во меч. Направивме кратка анализа и знаеме што не очекува. Треба да се концентрираме на нашата игра и на нашата офанзива и се надевам дека ќе успееме во четврток. Мора да веруваме во нас и во нашето заедништво и тимски дух”, изјави напаѓачот Милан Ристовски.

ФОТО: Игор Паневски