Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Робев: Очекувам победа против Словаците

/

пред 1499 дена

Сподели преку :

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во меч од второто коло во претквалификациите за Европското првенство ја пречекува Словачка.

По победата на Данска, избраниците на селекторот Александар Јончевски ветуваат нов триумф и максимален учинок на почетокот од претквалификациите.

“Не очекувам ништо друго освен триумф против Словачка. Се работи за противник со кого игравме двапати во претходниот циклус, првиот меч бевме многу подобри, во вториот меч нè победија, но ние веќе бевме во следната фаза и таа средба не репер. На повеќето од играчите ни е познат противникот. Мислам ќе ни биде полесно за време на мечот, за договор како да напаѓаме и како да браниме. Се надевам на добар исход”, изјави Дамјан Робев.

ФОТО: Игор Паневски