Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ролан Гарос со зголемен награден фонд

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

На нешто повеќе од две недели пред почетокот на вториот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното тениско првенство на Франција, организаторот соопшти дека оваа година наградниот фонд ќе биде зголемен за 9,1 процент.

На годинешното издание на Ролан Гарос тенисерите ќе поделат 49,6 милиони евра, а наградите процентуално се зголемуваат за секој дел од натпреварувањето.

Тенисерите кои ќе го завршат настапот во првите две кола ќе добијат зголемување на наградата за 11 и 13 проценти.

Поголема сума ќе добијат и учесниците во квалификациите, а победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат 2,3 милиони евра што е зголемување за четири отсто.

Отвореното тениско првенство на Франција ќе се одржи во периодот од 28 мај до 11 јуни.

ФОТО: Игор Паневски