Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роналдо ја згрози јавноста во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието во тимот на Ал Наср, но не поради добрите игри. Некогашниот најдобар светски фудбалер е сериозно фрустриран во Саудиска Арабија, па синоќа на дербито со Ал Хилал имаше непристоен гест кон домашните навивачи.

Роналдо е големо засилување за Ал Наср, но тимот ја загуби лидерската позиција во саудиската лига откако синоќа загуби на гостувањето кај големиот ривал Ал Хилал со 2-0. Португалецот за време на натпреварот направи брутален прекршок откако со боречки зафат, тресна од земја еден противнички фудбалер за што доби само жолт картон.


По завршувањето на мечот, кога го напушташе теренот дел од навивачите на Ал Хилал го провоцираа и го извикуваа името на Меси. Роналдо одговори со фаќање за меѓуножјето, што наиде на голема осуда во Саудиска Арабија и светската јавност. Интересно е тоа што неговиот тим Ал Наср го правдаше и наводно се фатил за меѓуножјето, бидејќи имал повреда на препоните.

Роналдо во јануари потпиша двегодишен договор со Ал Наср, вреден 200 милиони долари по сезона. Поради наводни несогласувања со Роналдо пред една недала отпуштен беше тренерот Руди Гарсија.