Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руд меѓу петте најдобри, Својнтек убедливо прва

/

пред 1511 дена

Сподели преку :

По завршувањето на тениските турнир во Торонто и Монтреал објавени се најновите АТП и ВТА листи на кои нема измени на лидерските позиции.

Кај мажите на чело и натаму е Данил Медведев кој сега има само 125 бода повеќе во однос на Александар Зверев, Рафаел Надал е трет, а зад него сонародникот Карлос Алкараз.

Каспер Руд го поправи пласманот за две позиции и сега е петти, а следуваат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас кој бележи пад од две места.

Најдобрите десет ги комплетираат Андреј Рубљов, Феликс Оже Алиасим и Хуберт Хуркач.

Кај дамите убедливо прва е Ига Свјонтек, Анет Контавеит остана на второто место, а на третата позиција оваа недела се врати Марија Сакари заменувајќи се со Паула Бадоса.

Онс Жабер ја задржа петтата позиција, а најголем скок бележи Симона Халеп кој напредуваше девет места и сега е шеста тенисерка на светот.

Меѓу првите десет најдобри се уште Ирина Сабаленка, Џесика Пегула, Гарбиње Мугуруза и Дарија Касаткина.