Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руне спаси меч топка па го победи Фриц за место во четвртфиналето во Индијан Велс (ВИДЕО)

/

пред 934 дена

Сподели преку :

Познати се сите четвртфинални двојки на мастерсот во Индијан Велс. Големо изненадување имаше на женскиот дел од турнирот.

Најдраматично беше на пресметката помеѓу седмиот носител Холгер Руне и домашниот фаворит Тејлор Фриц. Данецот го загуби првиот сет со убедливи 2-6, а во вториот сет во тај-брејкот спаси меч топка. Израмни на 1-1, а третиот сет го доби со 6-3 за да се пласира во четвртфиналето, каде ќе се соочи со четвртиот фаворит Данил Медведев.

Русинот го победи Григор Димитров во два сета со по 6-4. Каспер Руд одигра три сета во триумфот над Гаел Монфилс па во четвртфиналето ќе игра со Томи Пол, кој пак беше подобар од Лука Нарди со 6-4 и 6-3.

На женскиот дел од турнирот, втората фаворитка Арина Сабаленка загуби од Ема Наваро со 6-3, 3-6 и 6-2. За наваро ова е прво мастерс четвртфинале во кариерата, а нејзина следна противничка ќе биде деветтата фаворитка Марија Сакари, која во три сета ја победи Дајан Пари. Третата носителка Коко Гоф ја декласираше Елис Мертенс со 6-0 и 6-2 па во следната рунда, односно четвртфианалето ќе игра со Јуе Јуан од Кина која пак ја изненади Дарија Касаткина во три сета.