Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сабаленка им ги скрши срцата на Кинезите со победата против Женг Чинвен

/

пред 720 дена

Сподели преку :

Арина Сабаленка на турнирот во Вухан, Кина до својата втора мастерс титула сезонава по онаа во Синсинати дојде откако денеска во големото финале ја победи домашната фаворитка Женг Чинвен. Белорусинката славеше со 6-3, 5-7 и 6-3 и трет пат по ред дојде до трофејот на овој турнир, по 2018 и 2019 година. Од 2020 до 2023 година турнирот не се одржуваше поради Ковид-пандемијата. За Сабаленка ова беше вкупно четврта титула сезонава, а вкупно шеста на мастерс турнирите во кариерата.