Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сабаленка против Женг во финалето на Австралија опен

/

пред 983 дена

Сподели преку :

Арина Сабаленка ќе ја брани титулата на Австралија опен откако се пласираше во големото финале по победата над Коко Гоф. Нејзина ривалка во последниот меч на грен слемот ќе биде Чинвен Женг.

Сабаленка ја победи Гоф во два сета со 7-6 и 6-4. Светската тенисерка број 2 ѝ се одмазди на Американката за поразот во финалето на Ју-Ес Опен минатата година и стигна до своето трето финале на грен слем турнирите во кариерата. Белорусинката во големото финале ќе се соочи со Чинвен Женг.

Кинезинката денеска ја победи Дајана Јастремска со 6-4 и 6-4 со што заврши бајката на Украинката, која го почна турнирот од квалификациите. Женг е само втората тенисерка од Кина што ќе игра грен слем финале по Ли На. Сабаленка и Женг досега играле само еден меѓусебен меч и тоа на Ју Ес Опен лани во четвртфиналето, кога Белорусинката победи со 6-1 и 6-4.

За потсетување, утре на програмата се полуфиналните дуели во машка конкуренција во кои првиот фаворит Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Јаник Синер, додека Данил Медведев игра против Александер Зверев.