Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саудиски капитал може да ја спаси Барселона

/

пред 1157 дена

Сподели преку :

Барселона веќе години наназад се бори со тешката финансиска ситуација која никако да се санира. На клубот не му помогна ниту продажбата медиумските права, ниту намалувањето на буџетот за плати, а состојбата не се подобри ниту со продажбата на фудбалери.

Медиумите во Каталонија најавуваат дека наскоро Барселона може да се извлече од целата ситуација, а како едно од решенијата се и преговорите со неколку инвестициски фондови од Саудиска Арабија кои се подготвени да му помогнат на клубот.

Средбите со претставниците на фондовите се уште се од неформален карактер, но се најавува дека тие наскоро може да бидат и официјални, но едно е сигурно Барселона има потреба од капитал, а не промена на сопственичката структура.

По серијата неофицијални средби челниците на клубот почнале консултации со финансиски стручњаци во Шпанија околу начинот на кој би се реализирала соработката со фондовите, а која не би влијаела врз сопственоста.