Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Савевски: Одигравме добро во одбраната, ќе бидеме уште подобри против Шведска

/

пред 1524 дена

Сподели преку :

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победата од 31:19 во дуелот против Иран го освои првото место во групата и со максимален учинок се пласираше во главната рунда од Светското младинско првенство што се одржува во Скопје.

Вечерва го одигравме најдобриот меч на турнирот, но селекторот Љубомир Савевски верува дека овој тим може да одигра на уште повисоко ниво, а следна шанса тоа да го покаже е утрешното соочување со Шведска.

“Игравме добро, но овој тим може да биде уште подобар. Вечерва бевме на високо ниво во одбраната отколку на претходните дуели, а очекувам да бидеме уште подобри во следните натпревари. Сега целосно ќе се фокусираме на утрешниот дуел со Швеѓанките”, рече предводникот на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски