Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Савевски: Одиме понатаму, се фокусираме на квалификациите за СП

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Женската ракометна репрезентација по поразот од Романија со 31:23 се прости од натамошните настапи на Европското првенство, но вечерва составот предводен од Љубомир Савевски играше одлично во поголемиот дел од средбата и беше рамноправна со фаворизираните противнички.

“Многу сум среќен за тоа што во првото полувреме и дел од второто покажавме дека заслужуваме да сме на шампионатот. Сепак, наш проблем дефинитивно е ефикасноста. Имаме многу промашени чисти шутеви. Одигравме со срце и горд сум на девојките. Кога ќе изгубиш многу топки и ќе промашиш многу шутеви нормално е да изгубиш. Продолжуваме понатаму со некои промени и се подготвуваме за баражот за Светското првенство кој не чека во април”, изјави по натпреварот селекторот на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски