Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се растура шампионскиот тим на Наполи: Ким Мин Јае заминува во Англија?

/

пред 1248 дена

Сподели преку :

Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра за Ким Мин Јае од Наполи, пишуваат англиските медиуми. Менаџерот Ерик тен Хаг во Кореецот гледа идеална замена за Хери Мегваер, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Мин Јае има фантастична сезона во дресот на новиот италијански шампион откако дојде од редовите на Фенербахче минатото лето. Останува прашањето дали дефанзивецот е расположен за трансфер во Англија, бидејќи ако Јунајтед понуди 60 милиони евра, клубот не може да го задржи поради клаузулата. Конечната одлука ја има фудбалерот.