Како се ближи крајот на летниот преоден рок се проширува листата на клубови кои се заинтересирани за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
По Милан и Евертон интерес за Елмас покажува и Лион кој смета дека токму членот на репрезентацијата на Македонија е идеална замена за Лукас Пакета кој најверојатно ќе замине во Вест хем.
Дваесет и едно годишниот Елмас има договор до 2025 година, а се шпекулира дека Наполи за предвремен раскин ќе бара обештетување од 50 милиони евра.
ФОТО: Игор Паневски











