Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Себастијан Алер го победи ракот и почна да игра за Борусија Д. (ВИДЕО)

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Себастијан Алер денеска ги одигра првите минути за Борусија Дортмунд откако го победи ракот. Голгетерот влезе во финишот од пријателската средба со Фортуна Дизелдорф одиграна во Марбеља, Шпанија.


Во јули минатата година за време на летните подготовки, кратко откако направи трансфер од 35 милиони евра во Борусија, му беше дијагностициран рак на тестисите. Успеа да се избори со болеста откако ја мина хемотерапијата, а му беше направена и операција.

Се очекува Алер да биде важен фудбалер за „милионерите“ во втората половина од сезоната во Бундеслигата.