Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седлоски: Дојдовме во Загреб да одиграме добар натпревар

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи вечерва од 21 часот на стадионот Максимир против Динамо Загреб ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Првакот на Хрватска е фаворит, но предводникот на Шкупи, Гоце Седлоски кој како фудбалер неколку сезони го носеше синиот дрес најавува силен отпор.

“Дојдовме да одиграме добар натпревар, свесни сме дека Динамо е исклучително силен противник, кој  секоја сезона игра во шампионската лига. Меѓутоа не секогаш победуваат фаворитите, а за тоа се свесни и моите фудбалери. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во најдобро издание”, рече Седлоски во изјавата за Хрватската национална телевизија.

Натпреварот почнува во 21 часот, а реваншот е за седум дена во Скопје.

ФОТО: Игор Паневски