Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седлоски е четвртиот тренер на Вардар сезонава

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Гоце Седлоски е нов тренер на фудбалскиот клуб Вардар. Поранешниот македонски репрезентативец е вкупно четвртиот тренер на „црвено-црните“ сезонава и ќе се обиде да го извади тимот од дното на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

По разделбата со Срѓан Захариевски вчера, Вардар експресно го назначи Гоце Седлоски за нов тренер. Стратегот се враќа на клупата на „црвено-црните“ каде што седеше од 2015 до 2017 година и освои две шампионски титули.

Минатата сезона тој последно работеше во Работнички, а беше тренер и на Шкупи и Турново во домашното првенство. Во странство ги водеше тимовите на Влазнија од Албанија, потоа Рига, Широки Бријег и вториот тим на Динамо Загреб.

Вардар сезонава е на последното место на табелата во Првата лига со само осум бодови, а освен Срѓан Захариевски на клупата седеа и Горан Петревски и Горазд Михаилов.