Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седлоски: Мораме да бидеме задоволни, недостасуваше искуство

/

пред 1505 дена

Сподели преку :

По поразот од Балкани и во вториот натпревар, фудбалерите на Шкупи не успеаа да се пласираат во фазата по групи од Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани шансите практично ги загубија уште во Скопје по поразот од 2:1, а особено уште по втората минута од натпреварот кога беше исклучен Џелил Абдула.

“Честитки до Балкани за пласманот во групната фаза. Им посакувам многу успех во натпреварите кои следуваат. Со играч помалку беше тешко да се игра. На момците немам што да им замерам. Балкани ги казни нашите грешки и на првиот меч во Скопје, и тука во Приштина. Тие шанси кои ги имаа ги искористија и на првата средба, и тука. Имавме долг европски пат, имавме сериозни противници пред себе. Недостасуваше искуство во вакви мечеви, некои од играчите првпат играа вакви натпревари. Без разлика на резултатот, мораме да бидеме со кренати глави”, изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

ФОТО: Игор Паневски