Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум црвени картони на големото аргентинско дерби на „Монументал“ (ВИДЕО)

/

пред 1248 дена

Сподели преку :

Големото аргентинско дерби помеѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс или популарно наречено „Супер Класико“ секогаш изобилува со многу тензија и често со инциденти на теренот. Така беше и синоќа на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес при победата на Ривер Плејт, кога главниот судија мораше да покаже дури седум црвени картони.

Домашниот тим доби пенал во судиското продолжение, па Мигел Борха беше прецизен во 93.минута за 1-0. Токму голот беше иницијална каписла за инцидентите, кога играчите од двете екипи почнаа физичка пресметка.

Прекинот траеше речиси 20 минути, додека главниот судија не ги најде виновниците за инцидентот и покажа дури седум црвени картони, три во редовите на Ривер и четири кај Бока. По оваа минимална победа Ривер остана на врвот на табелата со 37 бодови, додека Бока е далеку, дури на 13-тото место во аргентинскиот шампионат.