Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шахин не се прослави на клупата на Борусија Дортмунд и доби отказ

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Борусија Дортмунд денеска му врачи отказ на тренерот Нури Шахин по синоќешниот пораз од Болоња на гостински терен од 2-1 во рамки на Лигата на шампиони, што беше четврти по ред за германскиот состав во 2025 година.

„Милионерите“ паднаа на 10-тото место во Бундеслигата, па раководството на клубот реагираше со промена на стручниот штаб.

Шахин (36), кој во два наврати играше за Борусија Дортмунд, седна на клупата изминатото лето како замена за Един Терзиќ, кој пак замина веднаш по поразот од Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампиони.

Клубот наскоро ќе го обајви името на новиот тренер.