Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шампионот Денвер со втора победа во Минеаполис израмни на 2-2 (ВИДЕО)

/

пред 874 дена

Сподели преку :

Денвер можеби ги загуби првите два натпревари на домашен паркет, но врати со два триумфи на гости кај Минесота за да израмни на 2-2 во полуфиналето на плеј-офот во Западната конференција во рамки на НБА-лигата.

Нагетс славеа со 107-115 под водство на трикратниот МВП, Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна 35 поени, Арон Гордон имаше 27, додека Џамал Мареј реализираше 19. Кај Тимбервулфс повторно блесна Ентони Едвардс со 44 поени, но тоа не беше доволно за триумф. Следниот натпревар се игра во Денвер.

Индијана го победи Њујорк со 121-89 пред своите гледачи и исто така израмни на 2-2 во полуфиналето на Источната конференција. Тајрис Халибартон со 20 поени беше најефикасен кај Пејсерс, кои имаа уште петмина со двоцифрен ефект во нападот. Алек Буркс со 20 поени беше најефикасен кај Никс, а најдобриот играч Џејлен Брансон реализираше 18 поени. Следниот дуел се игра во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.