Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шести АТП триумф за Хуркач, освоен трофејот во Марсеј

/

пред 1316 дена

Сподели преку :

Полјакот Хуберт Хуркач е победник на АТП турнирот што се одржа во Марсеј.

Единаесеттиот тенисер на светот кој беше поставен за прв носител, успеа да го потврди фаворитскиот статус и во финалето во меч што траеше 92 минути во два сета со 6:3 и 7:6 го совлада домашниот играч Бенжаман Бонзи.

За 26-годишниот Хуркач ова е шести трофеј во кариерата, а прв во 2023 година. Додека Бонзи ќе почека на првото славје и за него ова беше втор пораз во едно финале на АТП турнирите откако на почетокот од сезоната во Ротердам беше совладан од Холанѓанецот, Талон Грикенспор.

ФОТО: Игор Паневски