Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шифрин убедливо до историска 100-та победа во Светскиот куп во скијање

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Микаела Шифрин испиша историја во Светскиот куп во алпско скијање со денешната победа во Сестриере што за неа беше 100-та во кариерата. 

Шифрин на слаломската трка во италијански ски-центар до победата дојде со вкупно време по двете возења од 1 минута, 50 секунди и 33 стотинки и ја запиша 100-тата победа во кариерата, а трета оваа сезона.

Со 61 стотинка послабо време зад Американката финишираше Зринка Љутиќ од Хрватска, третото место и припадна на Пола Молцан од САД, кој имаше 64 стотинки послабо време во однос на својата сонародничка. 

Во слалом води Љутиќ со 489 бодови, пред Камил Раст која има 450. Во генералниот поредок, Федерика Брињоне е прва со 999 бодови, втора е Лара Гут Бехрами со 809 бодови, а Љутиќ е трета со 753.

Следниот викенд скијачките ќе се натпреваруваат во норвешки Квитфјел, каде во петок и сабота ќе се возат трки во спуст, а во недела супер велеслалом.