Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шифрин во Килингтон стигна до 90-тата победа во кариерата

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Микаела Шифрин беше најбрза на слаломот на домашната трка во Килингтон, САД. За Американката ова беше вкупно 90-та победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање.

Шифрин вечерва славеше со вкупно време од 1:42,02 минути по двете возења за 55-ти триумф во слалом, а шести во Килингтон. Зад неа финишираше Петра Влхова од Словачла со 33 стотинки послабо време, додека трета беше Венди Холденер од Швајцарија.

Во слалом, Шифрин води со 250 бодови, пред Лена Дуер која има 190, додека Влхова е трета со 180. Американата е лидер и во генералниот поредок со 350 бодови, Влхова е втора со 266, а Сара Хектор има 224 бодови.

Следниот викенд скијачките се селат во Канада во Тремблан, каде на програмата се две трки во велеслалом.