Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шифрин во Шведска го надмина рекордот на Стенмарк

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Микаела Шифрин доминираше и во вториот настап на патеките во шведскиот скијачки центар Оре и конечно успеа да го надмине рекордот по бројот на победи на легендарниот Ингемар Стенмарк и сега со 87 триумфи е осамена на челната позиција на вечната листа.

Американката денеска славеше во слаломската трка и на крајот со вкупно време од 1 минута 41 секунда и 77 стотинки беше поуспешна од Венди Холденер од Швајцарија додека третото место и припадна на домашната скијачка Ана Ларсон Свен.

Со денешната победа Шифрин ја зголеми предноста во редоследот за слалом и сега има 785 бода, 275 повеќе од Холденер додека трета со идентично заостанување е Петра Влхова од Словачка.

Шифрин одамна го освои и големиот Кристален глобус, а со триумфот во Оре сега има вкупно 1928 бода, 1003 повеќе од Влхова, а на третата позиција се наоѓа Лара Гут Бехрами со 1007 бода.

Најдобрите скијачки сега се селат во Андора каде во текот на следната недела на програмата ед финалето во годинешното издание од Светскиот куп.