Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкендија бара сензација во Баку за пласман во плеј-офот во ЛШ

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Шкендија денеска од 18 часот го реванш дуелот против Карабах на гостински терен во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони. Тетовци ги очекува тешка задача да минат во следната рунда од елитата, бидејќи минатата недела на првата средба во Скопје загубија со минимални 0-1.

Македонскиот првак ќе треба да го одигра најдобриот натпревар летово за да направи сензација во Баку против Карабах. Шкендија не е тим кој треба да се потцени што најдобро го увиде ФЦСБ во претходното второ коло, кога нашиот првак со две победи од 1-0 и 1-2 го елиминираше романскиот шампион.

Карабах покажа дека е исклучително силен ривал, но останува впечатокот дека Шкендија на првата средба загуби наивно и тоа од пенал во 13-тата минута од средбата.

Тимот предводен од тренерот Јетон Беќири мора да победи за да стигне до плеј-офот во Лигата на шампиони. Таму тимот од Тетово би играл со победникот од пресметката помеѓу Лудогорец и Ференцварош, а ако загуби ќе продолжи во плеј-офот во Лигата на Европа и ќе игра со поразениот од дуелот на бугарскиот и унгарскиот шампион.

Елиминација и во второто по ранг клупско натпреварување не значи крај на европскиот пат на тетовци, бидејќи имаат загарантирано учество во лигашката фаза од Конференциската лига на УЕФА.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
3.КОЛО

КАРАБАХ – ШКЕНДИЈА (1-0)
КОПЕНХАГЕН – МАЛМЕ (0-0)
ФЕНЕРБАХЧЕ – ФЕЕНОРД (1-2)
ПАФОС – ДИНАМО К. (1-0)
ВИКТОРИЈА П. – РЕНЏЕРС (0-3)
БРИЖ – САЛЦБУРГ (1-0)
ФЕРЕНЦВАРОШ – ЛУДОГОРЕЦ (0-0)
СЛОВАН Б. – КАИРАТ (0-1)
БЕНФИКА – НИЦА (2-0)
ЦРВЕНА Ѕ. – ЛЕХ (3-1)

*во заграда се резултатите од првите натпревари