Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Шкендија ќе има можност да ја прослави шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига заедно со своите навивачи, откако Фудбалската федерација на Македонија ја уважи жалбата за казната од пет натпревари без публика.

Казната беше изречена поради инцидентот што се случи пред натпреварот од 25. коло против Брера, кога дел од навивачите со свирежи ја нарушија минутата молк во чест на жртвите од трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. ФФМ веднаш ги осуди случувањата, а Дисциплинската комисија го казни клубот со пет натпревари без публика на домашен терен.

По поднесената жалба, ФФМ одлучи да ја намали казната на четири натпревари, со што тетовскиот тим ќе може да настапи пред публика во последното, 33-то коло од сезоната против Силекс. Тоа значи дека Шкендија ќе има можност на домашен терен да ја одбележи петтата титула во историјата заедно со своите навивачи.