Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкупи домаќин на Левски, атакува на нова победа во КЛ

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на Шкупи во второто коло од квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА вечерва од 21 часот го пречекуваат бугарскиот претставник Левски.

По лесната елиминација на Хегелман за Чаирчани ова е нов голем предизвик на европската сцена и составот предводен од Чихат Арслан ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да обезбеди предност која ќе му донесе мирен реванш за седум дена во Софија.

Фудбалерите на Шкупи се свесни дека задачата нема да биде нималку лесна, но тие веруваат своите квалитети и се надеваат на нова победа со што ќе се продолжи настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Мечот се игра на арената Тодор Проески, а почетокот е закажан за 21 часот.

ФОТО: Игор Паневски