Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрасер со одлично второ возење до славје на слаломот во Кицбил

/

пред 987 дена

Сподели преку :

Линус Штрасер на слаломот во Кицбил денеска стигна до првата сезонска победа во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Германецот имаше фантастично второ возење па успеа да надомести две позиции. Оствари вкупно време од 1.40, 36 и за 14 стотинки беше подобар од Кристофер Јакобсен од Шведска, а третото место го освои Швајцарецот Даниел Јуле.

Мануел Фелер, кој денеска беше четврти, останува на врвото во слалом со 395 бодови, 187 повеќе од денешниот победник Штрасер.

Во генералниот поредок лидер е Марко Одермат со 1.156 бодови, пред Сиприен Саразан и Марко Шварц.

Во вторник и среда скијачите ќе се натпреваруваат во Шладминг, каде на програмата се трки во велеслалом и слалом.