Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарија го елиминираше шампионот, домаќинот во четвртфинале

/

пред 828 дена

Сподели преку :

Селекциите на Швајцарија и Германија се првите четвртфиналисти на Европското првенство во фудбал.

Швајцарија триумфираше со 2:0 во дуелот против сега веќе поранешниот шампион Италија. Победата на Швајцарците им ја донесоа Ремо Фројлер и Рубен Варгас.

Домаќинот на првенството Германија со идентичен резултат славеше во мечот против Данска. Дуелот во Дортмунд во првото полувреме беше прекинат поради големото невреме проследено со грмежи и град.

Германците во второто полувреме на два пати го совладаа Каспер Шмајхел, а стрелци на головите беа Каи Хаверц од пенал и Јамал Мусиала.

На овој натпревар беа постигнати уште три погодоци од кои два  на домаќинот и еден на Данците кои беа поништени по реакцијата од ВАР собата.

ФОТО: Игор Паневски