Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швјонтек и натаму водечка на ВТА, скок од три места за Рибакина

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

Полската тенисерка Ига Швјонтек и оваа недела ќе остане на водечката позиција на ВТА листата, но нејзината предност во однос на вторпласираната Ирина Сабаленка е намалена на 3200 бода.

Џесика Пегула успеа да се задржи на третото место додека Каролин Гарсија и Онс Жабер ги заменија позициите.

Коко Гоф остана шеста, а по триумфот во Индијан Велс, Елена Рибакина напредуваше три позиции и сега се искачи на седмото место.

Осма е Дарија Касаткина, а меѓу првите десет тенисерки на светот се уште Белинда Бенчиќ и Марија Сакари.