Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швјонтек со пресврт подобра од Крејчикова, Гоф ја преслуша Пегула

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Ига Швјонтек и Коко Гоф тргнаа со победи во рамки на портокаловата група на ВТА финалето што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Швјонтек мораше добро да се помачи на својот прв меч по пауза од два месеци. Пољачката се врати од еден сет негатива против Барбора Крејчикова од 4-6, а во вториот губеше и со 0-3. Тогаш на теренот во Ријад се појави вистинската Швјонтек која успеа да израмни на 1-1 во сетови 7-5, а во решавачкиот сет ја разби противничката со 6-2. Со оваа победа тенисерката од Полска ги задржа надежите дека може да се врати на местото број 1 на ВТА-листата, но Арина Сабаленка не смее да ги добие преостанатите два меча во својата група.

На вториот меч во портокаловата група, Коко Гоф убедливо ја совлада својата сонародничка од САД, Џесика Пегула со 6-3 и 6-2.