Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силекс го освои Купот: Шкендија одби да ги прими медалите

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Силекс е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија за сезоната 2025/26, откако вечерва во големото финале одиграно на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Шкендија со минимални 1-0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна босанскиот интернационалец Ади Алиќ во 71. минута, по одличната асистенција на Дарко Додев.

За кратовци ова е четврти трофеј во Купот во клупската историја, откако претходно славеа и во 1994, 1997 и во 2021 година.

Шкендија сезоната ја завршува без освоен трофеј, откако претходно ја загуби шампионската титула од Вардар. Сепак, тетовци летово ќе играат во Конференциската лига како второпласиран тим во првенството, а место на европската сцена обезбеди и Силекс со вечерашниот триумф во Купот.

Тетовци по завршувањето на натпреварот не покажаа фер-плеј, откако одбија да ги примат медалите што им следуваат како финалисти во Купот.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија