Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синер го совлада Медведев: Во финалето во Торино го чека или Ѓоковиќ или Алкараз

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Јаник Синер е првиот финалист на завршниот мастерс тениски турнир во сезоната што се одржува во Торино. Италијанецот ја израдува домашната публика со победа против Данил Медведев.

Синер до своето прво финале на овој турнир стигна со триумф во три сета. Првиот го доби со 6-3, но Русинот израмни во вториот и тоа во тај-брејкот. Медведев потоа побара медицински тајм-аут поради повреда, па третиот сет Синер го доби убедливи со 6-1.

Во мечот за титулата тој го чека подобриот од второто полуфинале во кое се соочуваат двајцата најдобри тенисери на денешницата Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Овој меч почнува во 21 часот.