Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синго му се извини на Донарума: Ти посакувам брзо закрепнување (ФОТО+ВИДЕО)

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума заработи сериозни расекотини на лицето по стартот на Вилфред Синго од Монако за време на натпреварот одигран синоќа во рамки на Лига 1. Италијанецот ќе мора на привремена пауза од фудбалот.

Италијанскиот чувар на мрежата мораше да го напушти теренот на стадионот „Луј Втори“ во Монако  во 22-та минута откако Синго со копачка го удри во лицето при една интервенција. Донарума заработи сериозни расекотини на лицето па мораше да оди на шиење.

Синго немаше намера да стартува над голманот, па не заработи ниту жолт картон. Веднаш по натпреварот фудбалерот на Монако го посети Италијанецот во соблекувалната на ПСЖ и му се извини лично, а според видеото објавено од парискиот клуб се чини дека голманот веднаш му прости на ривалот.

„Мојот потег очиглено не беше со намера, но по натпреварот можев да видам дека тој (Донарума) има сериозни повреди на лицето. Ти посакувам брзо закрепнување“, напиша Синго на социјалните мрежи по натпреварот. 

Донарума ќе мора да паузира од фудбалските терени одредено време, но не се очекува тоа да биде повеќе од 10 дена.