Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

/

пред 883 дена

Сподели преку :

Монако синоќа славеше со 65-62 на гостувањето кај Фенербахче во рамки на кошаркарската Евролига и натпреварот за малку не искалираше. Дел од навивачите на турскиот тим влегоа во теренот да се пресметаат со француските кошаркари.

Во драматична завршница во „Улкер арената“ во Истанбул, Монако извојува важна победа против Фенербахче за да израмни на 2-2 во меѓусебната плеј-оф серија во рамки на четвртфиналето и се избори за мајсторка на домашен паркет. По звукот на сирената двајца кошаркари на францускиот тим гестикулираа кон дел од навивачите, кои беа крај паркетот.

Потоа настана општ хаос кога навивачите влегоа на теренот, но за среќа брзата реакција на редарите, но и стручните штабови на двете екипи спречија голем инцидент. Дел од турските медиуми велат дека инцидентот го почнал синот на Али Коч, газдата на Фенербахче, кој заедно со пријателите и свои соработници бил крај теренот.


Тренерот на турскиот тим, Шарунас Јасиквичиус им се извини на гостите од Монако по натпреварот.