Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скалони против Панама со стартерите од финалето во Катар

/

пред 1295 дена

Сподели преку :

Актуелниот светски шампион Аргентина на првиот натпревар по освојувањето на титулата ќе се соочи со селекцијата на Панама, а мечот ќе се одигра в четврток на стадионот Монументал во Буенос Аирес.

Интересот во земјата за овој натпревар е огромен бидејќи секој Аргентинец сака го види на дело тимот што се врати на тронот во светскиот фудбал.

До националната федерација беа испратени преку милион и половина барања за влезници, а за акредитации беа заинтересирани преку сто илјади новинари.

Токму поради големиот интерес селекторот Лионел Скалони најави дека во стартната постава ќе се најдат 11-те фудбалери кои го почнаа финалето против Франција.

“Сакам луѓето да ги видат овие играчи”, рече Скалони пред дуелот со Панама.

Четири дена подоцна Гаучосите ќе се соочат со Курасао.

ФОТО: Игор Паневски