Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скандинавски предизвици за кошаркарската репрезентација

/

пред 1544 дена

Сподели преку :

Машката кошаркарска репрезентација го доби противниците во претквалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.

Македонија и Словачка уште во пресрет на жрепката беа одредени во Д групата, а денеска како противници ги добија уште селекциите на Данска и Норвешка.

Првите два натпревари нашата репрезентација ќе ги одигра на 25 и 28 август, вториот циклус е на програмата на 10 и 13 ноември додека последните дуели се играат на 23 и 26 февруари следната година.

Во останатите две конкуренции ќе партиципираат Полска, Швајцарија, Австрија и Хрватска (Е група), Кипар, Романија, Португалија и Бугарија (Ф група)

Од секоја група пласман во квалификациите обезбедуваат двете првопласирани селекции.

ФОТО: Игор Паневски