Фудбалскиот клуб Рома се раздели со дефанзивецот Крис Смолинг, кој кариерата ќе ја продолжи во тимот на Ал-Фаја во Саудиска Арабија. Челниците на „римската волчица“ реагираа експресно и го договорија слободниот агент Марио Ермосо.
Шпанецот летово го напушти Атлетико Мадрид откако му истече договорот и реши кариерата да ја продолжи во Италија. Ермосо со Рома ќе потпише договор до јуни 2027 година, но ќе има и клаузула за заминување во летото 2026 година.











