Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со парите од Погба, Јувентус ќе го плаќа Парти

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Еден од приоритетите за Јувентус во текот на јануарскиот преоден рок е ангажирање на репрезентативецот на Гана, Томас Парти.

Според пишувањето на медиумите во Италија, Старата дама иако се уште не решила за судбината на Пол Погба кој е суспендиран поради користење на допинг, планира парите кои биле наменети за плата на Французинот да се искористат за ангажирање на Парти.

Годишната плата на Погба изнесува осум милиони евра тоа е сумата која ќе му биде понудена на Парти за преселба во Торино.

Сепак за комплетирање на трансферот има два големи проблеми кои се поврзани со финансиските детали. Парти во моментов во Арсенал годишно инкасира околу 12 милиони евра, но се почесто е на клупата за резервни играчи отколку на теренот и тој најверојатно ќе се согласи на помала плата.

Вториот проблем, кој се смета за најголема пречка е фактот што Арсенал за предвремен раскин на договорот кој завршува во 2028 година бара обештетување од 50 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски