Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собослаи денеска на медицински прегледи во Ливерпул

/

пред 1193 дена

Сподели преку :

Ливерпул синоќа ја активираше откупната клаузула од 70 милиони евра во договорот на Доминик Собослаи од редовите на Лајпциг.

Унгарскиот фудбалер е на пат кон Премиерлигата, бидејќи англиските медиуми јавуваат дека тој денеска и утре ќе ги комплетира медицинските прегледи пред да го комплетира трансферот на „Енфилд роуд“.

Собослаи има само 22 години и е универзален играч во средниот ред и нападот. Најчесто игра како десно крило, но и како полушпиц, лево крило, а понекогаш и како централен играч за врска. Tокму поради ова беше приоритетно засилување за менаџерот Јирген Клоп.

Изминатата сезона во дресот на Лајпциг одигра вкупно 46 натпревари во сите конкуренции и постигна 10 голови и запиша 13 асистенции.