Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасеновски ќе се бори во Париз, Заборски во улога на тренер

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Каратистот на КК Макпетрол, Петар Спасеновски ќе се учествува на првиот сезонски турнирот од 1 Светската Премиер карате лига во Париз претстојниот викенд.

 Спасеновски е единствениот што ја исполнил нормата за настап на овој престижен турнир во категоијата -84 килограми.

Петар Заборски во моментов иако е најдобро рангиран македонски каратист на светската ранг листа, на овој турнир ќе биде во својство на тренер, бидејќи сè уште се опоравува од повредата здобиена на светската лига во Салзбург.

Во моментов каратистите на Макпетрол во машка конкуренција се единствените македонски натпреварувачи, кои имаат обезбедено норма да бидат во ТОП 32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што е примарен предуслов за учество на ова престижно натпреварување.

На турнирот во Париз според системот на натпреварување, во елиминацискиот дел, секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави, по 32 спортисти во секоја тежинска категорија.