Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спонзорот преговара за нов договор со Ливерпул

/

пред 1616 дена

Сподели преку :

И покрај фактот што договорот завршува следното лето, банката Standard chartered најавува почеток на преговорите со Ливерпул за продолжување на соработката.

Банката чие седиште е во Лондон веќе една деценија соработува со клубот од Енфилд и според досегашниот договор таа годишно плаќаше 40 милиони фунти.

Извонредните резултати во последниве сезони и се поголемата популарност на Ливерпул очигледно ја принуди банката прва да почне преговори и според медиумите во Велика Британија за продолжување на соработката сега се нудат 80 милиони фунти годишно.

Неофицијално интересот за потпишување на спонзорски договор е голем и уште неколку големи компании најавуваат дека ќе испратат понуда до Ливерпул.

Дополнителен мотив за компаниите е и фактот дека клубот оваа година очекува да продаде преку 2 милиона дреса со што се потврдува дека Ливерпул се наоѓа меѓу најпопуларните во светот.

ФОТО: Игор Паневски