Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија и САД во полуфиналето на кошаркарскиот Мундијал

/

пред 1127 дена

Сподели преку :

Репрезентациите на Србија и САД се првите полуфиналисти на Светскиот кошаркарски шампионат што се одржува Јапонија, Индонезија и Филипини.

Во првото четвртфинале од денешната програма Србија сосема неочекувано забележа убедлива победа од 87:68 во дуелот против Литванија, која само неполни 48 часа претходно триумфираше во мечот против САД.

По оваа голема победа Србија во полуфиналето ја очекува дуел со победникот од мечот во Канада се среќава со Словенија.

Во вториот натпревар САД очекувано славеа над Италија со 100:63. Очигледно дека поразот од Литванците делуваше тимот предводен од селекторот Стив Кер посериозно да влезе во овој дуел и тоа резултираше со убедлив триумф.

Противник на Американците за влез во големото финале ќе им биде поуспешниот од дуелот во кој Германија за противник ја има сензацијата Летонија.

ФОТО: Игор Паневски