Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српскиот репрезентативец Симаниќ остана без бубрег по ударот од поранешен играч на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

/

пред 1126 дена

Сподели преку :

Српскиот кошаркарски репрезентативец Бориша Симаниќ остана без бубрег по тешката повреда што ја заработи на дуелот против Јужен Судан на Светското првенство што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Симаниќ имаше две операции. Првата беше извршена во Манила за да се санираат повредите на бубрегот, но поради компликации тој синоќа повторно беше опериран, а докторите мораа да го извадат повредениот бубрег за да не настанат дополнителни проблеми.

Информациите се дека кошаркарот на Србија е во стабилна состојба. Неговата рехабилитација ќе биде долга и претстојната сезона за него е завршена уште пред да почне. Сега се поставува прашањето дали 25-годишниот кошаркар воопшто ќе може да ја продолжи својата професионална кариера.

Симаниќ беше повреден за време на дуелот помеѓу Србија и Јужен Судан во рамки на 3.коло од групната фаза. Тој беше удрен со лакт од Нуни Омот во пределот на бубрегот. Интересно е тоа што репрезентативецот на Јужен Судан е поранешен играч на македонскиот шампион МЗТ Скопје. Омот веднаш по натпреварот јавно му се извини на Србинот.