Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоилковска напредуваше 24 места, Ивановски останува на 325. позиција

/

пред 1020 дена

Сподели преку :

На најновите АТП и ВТА листи најголем напредок бележи Магдалена Стоилковска која благодарение на пласманите на второто коло на ИТФ турнирите во Шарм Ел Шеик бележи скок од 24 места.

Нашата тенисерка оваа недела ќе ја мине на 1206-тата позиција и има реални шанси за нова корекција на пласманот додека Лина Ѓорческа во моментов е на 216. место што е пад за една позиција во однос на претходната ранг листа.

Кај мажите најдобро рангиран тенисер останува Калин Ивановски кој и натаму е на 325-тата позиција додека нема измени и во пласманот на Горазд Србљак кој 1054. на светот.

ФОТО: Игор Паневски