Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струга домаќин на Победа, скопското дерби во Велес

/

пред 1271 дена

Сподели преку :

Денеска на програмата комплетната 27-ма рунда во домашното фудбалско првенство. Лидерот на табелата Струга ја пречекува Победа, а градското дерби попладнево се игра во Велес.

Фудбалерите на Струга не би требало да имаат тешка задача во обидот да освојат нови три бода и да се зацврстат на чело на табелата.

Шкендија во Тетово го пречекува Тиквеш и со евентуална победа би се вратила на втората позиција на табелата додека во Велес, Работнички е домаќин на Скопје во меч кој може да ги реши сите неизвесности околу опстанокот во лигата на Романтичарите.

Македонија ЃП се среќава со Академија Пандев, која нема победа во последниве четири средби додека домашниот тим по неуспехот во минатото коло со Брегалница ќе се обиде да освои нови три бода.

ФОТО: Игор Паневски