Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица со репрезентативни засилувања вечерва против Олимпијакос во Лигата на шампиони

/

пред 746 дена

Сподели преку :

Одбојкарите на Струмица вечерва од 19 часот го играат првиот натпревар од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони на ЦЕВ. Гостин во салата „Парк“ во Струмица ќе биде грчкиот состав Олимпијакос.

Македонскиот првак влегува како аутсајдер во дуелот со црвено-белите од Пиреја, но струмичани летово сериозно се засилија со неколку репрезентативци како Стојан Илиев, Дарко Ангеловски, Филип Лепидовски и Филип Маџунков, а за нашиот тим потпиша и Украинецот Роман Волков.

Во квалификациите за Лигата на шампиони учествуваат вкупно 16 тимови, но само два обезбедуваат пласман во групната фаза. Со дуелот помеѓу Струмица и Олимпијакос се означува стартот на квалификациите, а останатите дуели се играат утре и задутре.

Реванш натпреварот ќе се игра за една недела во Пиреја, а доколку нашиот првак успее да го изненади фаворитот во втората квалификациска рунда би играл со подобриот од дуелот помеѓу Бенфика од Португалија и шпански Гуагас.