Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот ја одби жалбата: Кристал Палас останува во Конференциската лига

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Судот за спортска Арбитража во Лозана ја потврди одлуката на УЕФА и Кристал Палас останува да се натпреварува во Конференциската лига оваа сезона. Тимот од Лондон лани го освои ФА Купот во Англија и се квалификуваше за Лигата на Европа, но УЕФА го турна клубот еден ранг подолу.

Палас беше казнет поради американскиот бизнисмен Џон Текстор, кој беше мнозински сопстевеник на клубот, но во исто време беше главен акционер и во Лион, кој исто така се квалификуваше за Лигата на Европа.

Во меѓувреме Текстор ги продаде акциите во Палас, но многу подоцна од рокот на УЕФА.

Нотингем Форест официјално ќе го преземе местото на „орлите“ во Лигата на Европа.