Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тадиќ во Фенербахче ќе заработи 25 милиони евра

/

пред 1178 дена

Сподели преку :

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ по заминување од Ајакс кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.

Триесет и четири годишниот фудбалер реши предвреме да ја прекине соработката со тимот од Амстердам, а како главна причина за заминување го наведе фактот дека Ајакс во текот на летниот преоден рок остана без неколку играчи дека веќе нема состав кој би бил конкурентен не само во Европа туку и во првенството на Холандија.

Тадиќ имаше неколку понуди за трансфер во Саудиска Арабија, но тој се реши да замине во Истанбул во клуб кој во следната сезона ќе настапува во Конференциската лига.

Тадиќ со Фенербахче потпиша договор на три години и ќе инкасира 6,3 милиони евра по сезона што е за 700.000 евра помалку во однос на понудата од Саудиска Арабија.

ФОТО: Игор Паневски