Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Танак најбрз на релито во Белгија

/

пред 1506 дена

Сподели преку :

От Танак е победник на релито Белгија што се бодува за Светскиот шампионат.

Естонецот по комплетирањето на дваесетте брзински испити на крајот имаше за пет секунди подобро вкупно време во однос на Елфин Еванс од Велика Британија додека трет со заостанување од минута и 41 секунда беше Финецот, Есапека Лапи.

Настапот во Белгија меѓу петте најдобри го завршија Оливер Солберг од Шведска и Јапонецот, Такамото Катсута.

По девет одржани натпреварувања од вкупно 13. во текот на сезоната на чело во генералниот пласман е Кале Рованпера од Финска со 203 бода, 52 повеќе од Танак додека трет е Еванс со 116.

Следното натпреварување ќе се одржи во Грција, а релито Акрополис е на програмата од осми до 11 септември.